Директорката на ЈП за пасишта Виолета Илиевска во посета на општина Свети Николе

Во официјална посета на општина Свети Николе беше заменик директорката на ЈП за пасишта Виолета Илиевска , со која разговаравме за можностите и реализација на проекти од мерките 124 и програмата на ЈП за пасишта кои ќе бидат во подобрување на условите за земјоделците од нашата општина.

Стоиме на ставот дека со поставување на поила, изградба на бушотини, рехабилитација на патните правци во руралните населби ќе им овозможиме на жителите далеку подобри услови за стопанисување и развој на земјоделието во Свети Николе, како една од основните гранки во нашата општина.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora