Изгласан прв ребаланс за 2020 година

На 50-та седница на Советот на општина Свети Николе e  изгласан прв ребаланс за 2020 година со измена на некои од програмите кои се во склоп на буџетот на општината. Поради извршена присилна наплата на долг од 210.000 евра по основ на реконструкција на јавно осветлување моравме да измениме дел од програмите во буџетот на општината. Исто така , остануваме на главната преокупација во градежните инвестиции оваа година во рестартирање на Дивљак каде се потрошени 2.5 милиони евра и истата е оставена на заборав на времето. Воедно , ќе се инсталира сосема нов цевковод до с.Горобинци во должина од 4.5 км и решавање на проблемот со вода за пиење за граѓаните од Горобинци. Скоро сите предвидени проекти за оваа година се планираат за реализација согласно буџетските програми.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora