Седница на Кризниот штаб на општина Свети Николе

Кризниот штаб на општина Свети Николе на седницата одржана на ден 25.07.2020 ја разгледа актуелната ситуација во врска со превземање на мерки за справување со КОВИД-19.
Според информациите , на територијата на општините Свети Николе и Лозово моментално има 195 заразени лица од КОВИД-19 , а 132 лица се во самоизолација по основ на контакт со заболени лица. Сите заразени лица се со полесни симтоми на болеста и вон животна опасност.
На седницата се донесе одлука да се побара помош од екипи на ЦЈЗ Велес да се отвори пункт во Нов здравен дом , каде ќе можат да се земат брисеви на заболените лица од КОВИД-19 кои досега мораа да одат на тестирање во Велес за да се утврди дали лицата се оздравени од коронавирусот. Со ова ќе се намалат трошоците за превоз за лицата но и намалување на бројот на транспорт од здравствениот дом во Свети Николе.
Со цел подобро справување со вирусот, се донесе одлука за барање на санитетско возило за потребите на Здравствениот дом Г.Гаврилски со што ќе се подобрат услугите на граѓаните на општина Свети Николе . 
Исто така, за потребите на Црвениот крст Свети Николе , се донесе одлука да се побара возило од Црвениот крст на РСМ со цел навремена дистрибуција на потребни лекови и храна на заразените лица и лицата во самоизолација.
Во наредните денови , МВР Свети Николе ќе спроведува засилени контроли на терен за спроведување на мерката за носење на заштитни маски и спроведување на јавниот ред и мир во Свети Николе, како и контроли на автобускиот превоз на патници на фирмите кои го користат истиот.
И понатаму се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките од Министерството за здравство и Владата на носење на заштитни маски и држење на дистанца.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora