Состанок со раководството на Хидросистемот Злетовица

Заедно со градоначалниците на Штип , Лозово и Карбинци се оствари конструктивен состанок со раководството на Хидросистемот Злетовица.Се договори дека ќе се сервисираат редовно доспеаните обврски и ќе се намали постојниот долг.Воедно се известуваат жителите на нашата општина дека во првата половина на 2022 година ќе започне изградба на нова филтерна станица во износ од околу 116 милиони денари и нов резервоар за вода во износ од околу 16 милиони денари , средства обезбедени преку Хидросистемот Злетовица и МЗШВ.Граѓаните на Свети Николе во наредните години ќе пијат пивка вода од висок квалитет.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora