На 23 мај 2025 година, на кошаркарското игралиште при СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, успешно се одржа едукативен настан посветен на безбедноста во сообраќајот, наменет за учениците.
Настанот беше организиран во соработка со Општина Свети Николе и Полицијата како членови на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво, СОУ Кочо Рацин и Мотоклуб Свети Николе.
Учениците имаа можност:
✅ да решаваат пробни тестови за полагање за А категорија,
✅ да учествуваат во практична обука на полигон,
✅ и да слушнат корисни совети за одговорно и безбедно учество во сообраќајот.
Настанот помина во позитивна и едукативна атмосфера, а интересот кај младите потврди дека вложувањето во сообраќајната едукација е клучно за изградба на побезбедна иднина за сите учесници во сообраќајот.
Им благодариме на сите учесници и на спонзорите на настанот
- Автошкола „Контакт“
- Автошкола „Добри возачи“
- ЛИОН ДОО
- Пекара Алгомак
- Маркети Астра





