Инфраструктура

Локална инфраструктура

 

4.13.1. Патишта и сообраќај

 

Покрај општина Свети Николе поминува новиот автопат А4 – автопатот: Миладиновци – Свети Николе – Штип, поминуваат два регионални патишта: Р1 и Р2, како и патните правци: А3м, кој се протега од Велес кон Штип и е на оддалеченост од градот Свети Николе 9,5 км низ Овчеполската рамнина, како и патниот правец Р1204 кој се протега од Куманово кон Штип, кој поминува низ град Свети Николе.

Регионалниот пат Р1:

–          Р1204 Куманово – Свети Николе – Овче Поле – Кадрифаково – Штип

Регионалниот пат Р2:

–            Р2236 Свети Николе – Мечкуевци – Пуздерци – Неокази

–            Р2135 Свети Николе – Горобинци – Преод – Малино – Горно Коњаре

 

На овие два патни правци се поврзани повеќе локални патни правци:

–          село Ерџелија – А4;

–          село Кадрифаково – А4 и А3м;

–          град Свети Николе – А4 и А3м;

–          село Црнилиште – Р1204 и А3м;

–          село Сарамзалино – А3м;

–          село Делисинци – А3м;

–          село Богословец – А3м;

–          село Немањици – А4 и Р2236;

–          село Пеширово – Р1204;

–          село Орел – Р1204;

–          село Ѓуѓанци – Р1204;

–          село Мездра – Р1204;

–          село Стањевци – Р1204;

–          село Павлешенци – Р1204;

–          село Крушица – Р2135;

–          село Сопот – Р2135;

–          село Гороницни – Р2135;

–          село Преод – Р2135;

–          село Малино – Р2135.

 

Состојбата со патната инфраструктура е следна:

тип на пат вкупна должина на патот процентуално учество во вкупната патна мрежа во општината
асфалтирани локални патишта 51,06 км 50,755 %
тампонирани локални патишта 26,80 км 26,640 %
земјени коловози 6,20 км 6,163 %
не пробиени патни правци 16,54 км 16,442 %
Вкупно 100,60 км 100%

таб. бр. 22. Преглед на состојбата со патната инфраструктура во општина Свети Николе

 

Вкупниот број на регистрирани возила на територија на општина Свети Николе изнесува 3.604 и според овој податок, процентот на застапеност во однос на вкупниот број на жители во општината изнесува 5,12% или на секој 5-ти жител/едно возило.

 

Регистрирани моторни возила на територија на општина Свети Николе по категории

Тип на возило број на регистрирани возила
Возила (автомобили, камиони и автобуси) со приклучни возила 2.703
Велосипед со мотор (и скутери) 446
Трактори 250
Моторцикли (над 50см3) 205
Вкупно 3.604

таб. бр. 23. Преглед на регистрирани возила на територија на општина Свети Николе по категории