Основни училишта

ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Основно Општинско Училиште „Гоце Делчев“ Свети Николе е формирано во 1900 година и работи ден денес. Во состав на училиштето работат и подрачните училишта во село Горобинци и село Црнилиште.

Централното училиште работи во две смени со 13 паралелки во одделенска настава и 12 паралелки во предметна настава, додека пак подрачното училиште во село Горобинци во една смена со 5 паралелки за одделенска настава и 4 паралелки за предметна настава, подрачното училиште во село Црнилиште работи во една смена со 1 чиста паралелка и 2 комбинирани паралелки за одделенска настава. Вкупен број на ученици во училиштето со подрачните училишта изнесува 495 ученици и вкупен број на вработени 83 од кои – за одделенска настава 22 наставник, за предметна настава 40 наставници, број на раководен кадар 1 лице директор, стручни соработници 4 (педагог, психолог, дефектолог и библиотекар), административен кадар 2 (секретар и благајник), и помошно-технички персонал 14 лица. Во централното училиште и во подрачните училишта во село Горобинци и во село Црнилиште има инсталирано систем за парно греење.

Наставата се изведува на македонски јазик.

контакт податоци на училиштето:

адреса: ул. „Цветан Димов“ бб, 2220 Свети Николе

тел: 032 443 158

е-пошта: ougocedelcev@yahoo.com

директор: Сузана Дерменџиева

тел: 078 304 951

е-пошта: suzanadermendzieva@yahoo.com

Основно Општинско Училиште „Кирил и Методиј“ Свети Николе

Назив: 

Општинско основно училиште „Кирил и Методиј“

Вид на образование:

Основно образование

Локација:

https://goo.gl/maps/aGkEcJGLhG4TT36u8

Адреса:

ул. „Анѓел Трајчев“ бр.40  Свети Николе

Контакти

Анета Ивановска 078-269-517

телефон:

078-269-517

e-mail:

oukirilimetodij@yahoo.com

Веб страна:

http://oukirilimetodij.weebly.com/

Директор – контакт

Анета Ивановска 078-269-517

Кратка биографија на училиштето

ООУ „Кирил и Методиј“ – Свети Николе е лоцирано во централното градско подрачје на ул „Ангел Трајчев“ бр. 40, Свети Николе.
    Според архивските податоци, на ден 29.06.1973г. со одлука бр.02-1071/14 на Собранието на  Општина Свети Николе, започнува почетокот на работата на ООУ „Кирил и Методиј“ со статус на самостојно училиште. Училиштето стартуваше со 27 паралелки од кои 12 паралелки во одделенска настава и 13 паралелки во предметна настава и две групи ученици во предшколско образование (забавиште).  Вкупниот број на ученици во учебната 1973/74г. изнесуваше 784. Во тој период како подрачни училишта гравитираа и училиштата во селата:  Долно Ѓуѓанце, Павлешенци и Стањевци со вкупно пет комбинирани паралелки од прво до четврто одделение.
       Со самото свое основање училиштето ја зацрта целта да биде на врвот на успешните училишта и до ден денес со своите постигнати успеси го задржува тој примат и ја продолжува и исполнува истата задача. Училиштето е отворено за соработка со надлежните воспитно – образовни институции, редовно ги следи и реализира одредени проекти од областа на иновациите во наставата и соработува со други училишта како и со Локалната заедница.
    Училиштето е од развиен тип и во него се образуваат ученици од I до IX одделение. Во склоп на училиштето работи и подрачното училиште во с. Д. Ѓуѓанце каде учат ученици од прво до петто одделение во комбинирана паралелка.

Број на паралелки:

36

Број на ученици:

541

Број на наставен кадар:

53 наставника (одделенска и предметна настава)

Број на стручни соработници:

5 (педагог, социолог, психолог, дефектолог и библиотекар)

ПУ

Подрачно училиште во с. Д. Ѓуѓанце каде учат ученици од прво до петто одделение во комбинирана паралелка.

ПАТРОНАТ НА УЧИЛИШТЕТО

24 Мај – Денот на сесловенските просветители и учители, браќата Кирил и Методиј

ООУ „Кирил и Методиј“ – Свети Николе

Подрачно училиште Д. Ѓуѓанци

Основно Општинско Училиште „Даме Груев“ село Ерџелија, Свети Николе

Лична карта на училиштето

Име на училиштетоООУ Даме Груев
Адреса, место и општинаУл. Маршал Тито бр.31, с.Ерџелија Свети Николе
Телефон032-459-020
Факс032-459-020
Е-адресаdamegruev87@yahoo.com
Веб странаdamegruev.mk
Подрачни училишта4 (с.Амзабегово, с.Мустафино, с.Пеширово и с.Кадрифаково)
Број на одделенија9
Број на паралелки18
Број на ученици182
Број на вработени45  (1 директор, 1 педагог, 1 психолог, 1 библиотекари, 2 административни службеници, 31 наставник – 16 во одделенска настава,15 во предметна настава,  8 – помошно – технички лица)
Број на смениЕдна – прва смена

Директор:  в.д. Драгица Јованова

контакт: 077-725-670

е-mail: dragica_73@yahoo.com

ООУ “Даме Груев” с.Ерџелија е деветгодишно основно училиште, верифицирано 1966 година,  во чиј состав работат 4 подрачни училишта и тоа во с.Амзабегово, с.Кадрифаково, с.Мустафино и с.Пеширово, каде наставата се одвива од I-V одделение.

Вкупниот број на вработени во ООУ “Даме Груев” с.Ерџелија изнесува 45 и тоа:

  • Директор – 1 лице
  • Педагог – 1 лице
  • Психолог – 1 лице
  • Библиотекар – 1 лице
  • Наставници – 31 (16 во одделенска настава и 15 во предметна настава)
  • Административни службеници – 2 лица (секретар и книговодител)
  • Помошно – технички лица – 8 лица (7 хигиеничари и 1 хаус мајстор)

Училиштетo брои вкупно 182 ученици, кои се распоредени во 18 паралелки, од кои 10 во централното училиште во с.Ерџелија и тоа:

  • 9 чисти паралелки (I – 6 ученици, II – 7 ученици, III – 8 ученици, VI – 15 ученици, VII-1 – 12 ученици, VII-2 – 13 ученици, VIII-1 – 12 ученици, VIII-2 – 13 ученици и IX  – 14 ученици) и
  • 1 комбинирана паралелка (IV – 4 ученици и V – 4 ученици).

Бројот на ученици во централното училиште изнесува 108 ученици (29 ученици во одделенска настава и 79 ученици во предметна настава).

Училиштето во целост има инсталиран систем на парно греење. Наставен јазик е македонскиот јазик.

Подрачни училишта

Во подрачните училишта има вкупно 74 ученици, распоредени во 1 чиста паралелка и 7 комбинирани паралелки.

Подрачното училиште во с.Амзабегово

Подрачното училиште во с.Амзабегово, е масивна градба и се протега на површина од 221 м² и училиштен двор од 120 м². Располага со парно на пелети. Има вкупно 26 ученици, распоредени во 3 паралелки и  тоа:

  • 1 чиста паралелка (II одд. – 9 ученици)
  • 2 комбинирани паралелки (I – 4 ученици, III-6 ученици) и (IV – 4 ученици, V-3 ученици);

Подрачно училиште во с.Мустафино

Подрачното училиште во с.Мустафино, е масивна градба и се протега на површина од 944 м² и училиштен двор од 1380 м². Располага со парно на нафта. Има вкупно 19 ученици, распоредени во 2 комбинирани паралелки и  тоа:

  • (I- 4 ученици, IV-4 ученици и V- 3 ученици) и
  • (II – 5 ученици, III-4 ученици);

Подрачно училиште во с.Пеширово

Подрачното училиште во с.Пеширово, е масивна градба од 2002 година и се протега на површина од 141 м² и училиштен двор од 4000 м². Располага со парно на дрва. Има вкупно 20 ученици, распоредени во 2 комбинирани паралелки и  тоа:

  • (III – 3 ученици, IV- 3 ученици) и
  • (II – 8 ученици, V – 6 ученици);

Подрачно училиште во с.Kaдрифаково

Подрачното училиште во с.Пеширово, е масивна градба од 1999 година и се протега на површина од 124 м² и училиштен двор од 368 м². Располага со парно на пелети. Има вкупно 9 ученици, распоредени во 1 комбинирана паралелка и  тоа:

  •  (I -2 ученици, II – 1 ученик, III – 1 ученик, IV – 4 ученици, V одд – 1 ученик)

Училиштето го слави својот Патрон на  23 Декември. 

централното училиште во с.Ерџелија
ПУ с.Кадрифаково
ПУ с.Мустафино
ПУ с.Амзабегово
ПУ с.Пеширово

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora