Одделение за администрирање со даноци

Надлежности на ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ СО ДАНОЦИ И КОМУНАЛНИ ТАКСИ во Општина Свети Николе се:

  • Утврдување на данок на имот, данок на наследство и подарок; и данок на промет на недвижности и права, кои се приход на општината;
  • Утврдување на пазарна вредност на недвижностите во општината;
  • Водење регистар на недвижен имот, и други работи врз основа на Законот за данок на имот, Законот за комунални такси и надоместоци и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на општината.

ОДДЕЛЕНИЕТО се наоѓа во зградата на Општината – на приземје, Канцеларија бр.3.

 

I – ДАНОК НА ИМОТ

ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

Oбврзници на данок на имот се физички и правни лица кои се сопственици, корисници или плодоуживатели на имотот.

 ДАНОЧНА ОСНОВА

Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија.

 ВИСИНА НА ДАНОКОТ

Изнесува 0,10% од утврдената пазарна вредност на недвижноста.

 ОСЛОБОДУВАЊА

Данокот на имот се намалува за 50% доколку станот/куќата се користат за живеење, со доказ лична карта.

 ДАНОЧНА ПРИЈАВА

Секој даночен обврзник е должен да го пријави недвижниот имот и тоа во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на имотот или од отпочнувањето на користење на имотот.

Бесплатен образец на даночна пријава се пополнува и поднесува во Центар за услуги – приемен шалтер. За неподенесување на даночна пријава на даночниот обврзник му се изрекува мерка глоба пропишана согласно Законот за даноци на имот.

 РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Се донесува секоја година за секој даночен обврзник врз основа на поднесена даночна пријава и даночната евиденција.

 РОК НА ПЛАЌАЊЕ

Данокот на имот се плаќа тримесечно и пристигнува за наплата во средината на секое тромесечје или во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението.

 ДОСТАВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

Решението се доставува до даночниот обврзник на последната пријавена адреса на обврзникот од даночната пријава преку доставна служба или преку пошта.

   ЖАЛБА

Против донесено решение за данок на имот може да се изјави жалба во рок од 15 дена со  уплатени  250,00 денари административни такси на  сметка: 840-103-03182 и приходна шифра 722-315. Поднесената жалба не ја одлага наплатата на данокот.

 РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

Рокот за решавање по жалба изнесува 15 дена доколку се постапува во прв степен, во спротивно жалбата во рок од 5 дена со сите списи на предметот се препраќа до Министерството за финансии.

 

  • ПРОЦЕДУРА 1 : ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ

 

СПИСОК НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

– Даночна пријава за пријавување на нов имот или промена во имотнатасопственост,

– Имотен лист не постар од 6 месеци ( оригинал или копија),

– Согласност за користење на лични податоци,

– Лична карта-фотокопија,

– Решение за данок на имот се издава еднаш годишно.

МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ:

Општински Центар за услуги – приемен шалтер.

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Свети Николе

Бр.на жиро с-ката:100000000063095

Депонент: Народна банка

Уплатна с-ка:840-163-02507

Приходна шифра:713111

Програма:00

Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА:

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Свети Николе

Бр.на жиро с-ката:100000000063095

Депонент: Народна банка

Уплатна с-ка:840-163-02512

Приходна шифра:713113

Програма:00

Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ.

 ПОТРЕБНО ВРЕМЕ НА РАЗГЛЕДУВАЊЕ:

30 дена од денот на поднесување на барањето.

Доколку барателот не е задоволен од пресметката на данокот на имот, може да поднесе жалба до Општината, или до Министерство за Финансии преку Општина Свети Николе таксирана со 250,00 денари таксени марки.

 Превземи документи:

 

II – ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

ДАНОЧНА ПРИЈАВА

За наследениот или подарениот имот се поднесува даночна пријава во рок од 15 дена од денот на наследениот или подарениот имот.

Образец на даночна пријава се пополнува и поднесува на приемен шалтер со уплатени административни такси  во износ од 300,00 денари за еден наследник/примател на подарокот, а доколку се повеќе наследници/приматели на имотот, се уплаќа по 250,00 денари административни такси за секој нареден наследник/примател на подарокот и тоа на  сметка:840-103-03182 и приходна шифра 722-315.

ДАНОЧНА ОСНОВА

Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија.

ДАНОЧНИ СТАПКИ

-прв наследен ред –ослободен

-втор наследен ред – изнесува 2%

-трет наследен ред и останати –изнесува 4%.

 ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА

Не плаќа данок наследникот, односно примателот на подарокот од прв наследен ред

РОК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ:

Решение за наследство и подарок се донесува во рок од 30 дена

РОК ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Данокот на наследство и подарок се плаќа во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

ЖАЛБА

Против донесено решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена со  уплатени  250 денари административни такси на сметка:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, поднесената жалба не ја одлага наплатата на данокот.

РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖЕЛБА

Рокот за решавање по жалба изнесува 15 дена доколку се постапува во прв степен, во спротивно жалбата во рок од 5 дена со сите списи на предметот се препраќа до Министерството за финансии.

 

  •  ПРОЦЕДУРА 2: ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

СПИСОК НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Даночна пријава за утврдување нанаследство и подарок,

-Договор за подарок ( меѓу странките) илинаследно решение, најмалку 5 примероци оригинали,

– Судска пресуда – (три примерока) или 2 копии заверени на нотар,

– Поседовен лист или имотен лист од Државен геодетски катастер (оригинален и не постар од 6 месеци),

– Извод од матична книга на родени/умрени/венчани ( оригинал и фотокопија),

– Фотокопија од лични карти за секој учесник,

– Согласност за користење на лични податоци,

– Уверение за платени даноци со уплатена административна такса од по 100,00 денари за секоја    странка ,

– Уплатница на име – Административни такси за списи и дејствија на уплатна сметка 840-163-03182, приходна шифра 722315, програма 00, во износ од 300,00 ден,

– скица од катастар доколку постои.

По поднесување на потребната документација, проценител одОпштината излегува на лице место, и врши проценка по Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот донесена од Министерство за финансии (Сл.Весник на РМ бр. 54/2012 и 17/2013).

 МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Општински центар за услуги – приемен шалтер.

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Свети Николе

Бр.на жиро с-ката:100000000063095

Депонент: Народна банка

Уплатна с-ка:840-163-02533

Приходна шифра:713211

Програма:00

Цел на дознаката: ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК.

  Превземи документи:

 

III – ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

 

ДАНОЧНА ПРИЈАВА

За преносот на правото на сопственост се поднесува даночна пријава во рок од 15 дена од денот на склучениот договор.

Образец на даночна пријава се пополнува и поднесува на приемен шалтер со уплатени административни такси  во износ од 300 денари од подносителот на пријавата  на сметка: 840-163-03182 и приходна шифра 722 -315.

ДАНОЧНА ОСНОВА                                                                            

Претставува пазарната вредност на  недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија.                                                                                    

ДАНОЧНИ СТАПКИ

Стапката на данокот на промет изнесува 4 %.

 ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ

Решение за данок на промет се донесува во рок не подолг од 10 дена.

РОК НА ПЛАЌАЊЕ

Утврдениот данок на промет на недвижност се плаќа во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%.

ЖАЛБА

Против донесеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена со  уплатени  250,00 денари административни такси на сметка:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, поднесената жалба не ја одлага наплатата на данокот.

 РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

Рокот за решавање по жалба изнесува 15 дена доколку се постапува во прв степен, во спротивно жалбата во рок од 5 дена со сите списи на предметот се препраќа до Министерството за Финансии.

 

  • ПРОЦЕДУРА 3: ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ПРОМЕТ

СПИСОК НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

– Даночна пријава за утврдување данок на промет,

– Договор за купопродажба (најмалку во 5 оригинал примероци),

– Договор за физичка делба (најмалку во 5 оригинал примероци),

– Договор за размена (најмалку во 5 оригинал примероци),

– Судска пресуда – најмалку 3 примероци или 1+2 копии заверени на нотар,

– Имотен лист од Агенција за катастар на недвижности (оригинален и не постар од 6 месеци),

– Согласност за користење на лични податоци,

– Уверение за платени даноци со уплатена административна такса од по 100,00 денари за секоја странка,

– Уплатница на име –Административни такси за списи и дејствија на уплатна сметка 840-163-03182, приходна шифра 722315, програма 00, во износ од 300,00 ден,

– Скица од катастар доколку постои.

По поднесување на потребната документација, проценител од Општината излегува на лице место, и врши проценка по Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот донесена од Министерство за Финансии ( Сл.Весник на РМ бр. 54/2012 и 17/2013).

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ И ПРАВА:

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка

Бр.на жиро с-ката:100000000063095

Депонент: Народна банка

Уплатна с-ка:840-163-02400

Приходна шифра:713311

Програма:00

Цел на доказната: ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ.

   Превземи документи:

 

IV – КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА,ОДНОСНО НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА

 

ОБВРЗНИК НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА

Е физичко и правно лице и граѓанинот кои користат определени права, предмети, услуги за чие користење е пропишано, плаќање на комунална такса, согласно член 4 од Законот за комунална такса.

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА СЕ ПЛАЌА ЗА:

– за деловните простории на трговските друштва односно за седиште на правното лице, комуналната такса изнесува 6.000, денари на годишно ниво,

– за деловните простории на физичките лица, трговците поединци, комуналната такса изнесува 2.000, денари на годишно ниво,

– за деловните простории на физичките лица кои данокот го плаќаат во паушален износ, комуналната такса изнесува 500,00 денари на годишно ниво,

– за секоја подружница односно продавница, киоск, деловна единица и слично комуналната такса изнесува 2.000,00 денари на годишно ниво.

ДАНОЧНА ПРИЈАВА

Обврзникот на таксата е должен да поднесе пријава до општинската администрација во рок од 15 дена од денот на настанатата обврска или доколку настанат промени кои доведуваат до плаќање на такса во поголем или помал износ.

Обврзникот на таксата кој нема да поднесе навреме пријава, ќе се задолжи освен со редовната такса и со зголемена такса од 30%.

За настанатите промени кои се однесуваат за правните лица како: промена на седиште, нови регистрирани или затворени подружници, стечај, ликвидација и сл., правното лице е должно во рок од 15 дена да го извести Одделението за администрирање со даноци и комунални такси, со прилог на тековна состојба од Централниот регистар на РМ.

ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ

Решение за комунална такса за фирма/назив на деловна просторија се донесува според податоците од состојбата на 1-ви јануари секоја година за секој обврзник одделно.

РОК НА ПЛАЌАЊЕ

Комуналната такса се плаќа во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%.

ЖАЛБА

Против решението може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот со уплатени 250,00 денари административни такси на сметка:840-103-03182 и приходна шифра 722-315. Жалбата не ја одлага наплатата на утврдената комунална такса.

 Превземи документи:

 

ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ

 

РЕШЕНИЕ ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА

Наплата на даночните долгови,паричните казни и каматите се врши со решение за присилна наплата.

ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ СЕ ИЗВРШУВА ОД целокупниот имот (движен и недвижен) од приходите и од побарувањата, и тоа со:

– попис и процена, одземање (запленување) и продажба на имотот по пат на јавно наддавање, освен на предметите наведени во член 57 од Законот за данок на имот. (Службен весник на РМ бр.35/11,53/11,84/12 и 188/13);

– забрана за користење на средствата од сметките на даночниот обврзник;

– забрана за користење на средствата од личните примања од работен однос;

– забрана за користење на побарувањата на даночниот должник.   

ЖАЛБА

Против Решението за присилна наплата може да се изјави жалба во рок од 8 дена од приемот на Решението со уплатени 250,00 денари административни такси на уплатна сметка: 840-103-03182 и приходна шифра 722-315.

Жалбата не го одлага извршувањето на Решението. Во Жалбата не можат да се изнесуваат околности кои се однесуваат на утврдувањето на даночниот долг.

РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

Рокот за решавање по изјавената жалба изнесува 15 дена доколку се постапува во прв степен, во спротивно жалбата во рок од 5 дена со сите списи на предметот се препраќа до Министерство за Финансии.


*** ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОГРЕШНО УПЛАТЕНИ СРЕДСТВА (ДАНОЦИ,КОМУНАЛНИ ТАКСИ И ПРЕСМЕТАНА КАМАТА) И ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ИСТИТЕ

Се врши врз основа на поднесено писмено барање со уплатени 50,00 денари административни такси на уплатна сметка:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, со образложение и приложени докази од кои причини се бара враќањето на средствата или пренасочувањето.

Превземи документи:

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora