Земјоделство

Земјоделие – развиеност и ресурси

 

Овчеполието е познат земјоделско-сточарски регион. Луѓето од овој крај се занимавале со земјоделство, бидејќи регионот изобилува со почва од повеќе класи, со посебна внатрешна вредност-бонитет, голем број на сончеви денови и систем за наводнување. Со тоа се исполнети условите за одгледување на житни, индустриски и градинарски култури. Економското значење на земјоделството може да се види од неговото 38,8% учество во структурата на општествениот производ во општината, што претставува стратешки фактор за развој на целокупниот економски живот.

  Структура на земјишниот фонд во регионот Овче Поле Површина во хектари (2014) Површина во хектари (2015)
1 Земјоделска површина
  1. 431
29.656
2 Обработливо земјиште 9.882 11.187
3 Ораници и бавчи
  1. 796
10.157
4 Овоштарници 34 34
5 Лозја 581 522
6 Ливади 471 474
7 Пасишта
  1. 524
18.444

Структура на земјишниот фонд во регионот Овче Поле

таб.бр. 9. Преглед на земјишната површина според HTEC 2013 (извор: ДЗС)

 

Преглед на површина и производство на лозја

Површини и производство на лозја за 2014 година
Родна површина хектари 581
Вкупен број пенушки 1.886
Број на родни пенушки 1.886
Вкупно производство во тони 2.069
Килограм по хектар 3.560

таб. бр. 10. Табеларен приказ на површина и производство на лозја

според HTEC, 2013 (извор: ДЗС)

 

Преглед на површина, посеви и производство на тутун

Површини и производство на посеви од тутун2014 година
Засеана површина во хектари 55
Ожнеана површина во хектари 55
Вкупно производство во тони 76
Килограми по хектар 1.385

таб. бр. 11. Табеларен приказ на површина, посеви и производство на тутун

според HTEC, 2013 (извор: ДЗС)

 

 

 

 

 

 

Преглед на овошни стебла и производство на овошје во општина Свети Николе

Цреши Вишни Кајсии Дуњи Јаболка Круши Сливи Праски Ореви Бадеми
2014 година
Вкупен број на стебла 230 150 2.063 130 1.515 1.660 6.410 210 718
Број на родни стебла 230 150 2.063 130 1.515 1.660 2.410 210 718
Вкупно производство во тони 2 1 14 2 16 19 23 3 7
Килограми по стебло 11 8 7 13 11 11 10 13 10

таб. бр. 12. Број на овошни стебла и производство на овошје во општина Свети Николе, според НТЕС 2013 (извор: ДЗС)

 

 

Површини и производство на пченица, пченка и јачмен во општина Св. Николе

Пченица Јачмен Пченка
Засеана површина во хектари 2.889 2.097 263
Ожнеана површина во хектари 2.888 2.089 263
Вкупно производство во тони 7.741 6.164 579
Килограми по хектар 2.680 2.951 2.200

 

 

 

 

 

 

 

таб. бр. 13. Површини и производство на пченица, пченка и јачмен

во општина Св. Николе за 2014 година (извор: ДЗС)

 

 

Од вкупната обработливата површина, со детална затворена каналска мрежа од главниот доводен (отворен) канал од хидросистем Брегалница во општина Свети Николе се опфатени околу 6.000 ха. Од обработливата површина околу 11.000 ха користат земјоделските претпријатија, а преостанатата е во сопственост на индивидуалните земјоделски произвoдители. Според податоците од Пописот на земјоделство од 2007 година, на територијата на општина Свети Николе се евидентирани 3.558 индивидуални земјоделски стопанства, 617 домаќинства со шума и 1 домаќинство со рибник.

Бројот на деловни субјекти, според општината каде се наоѓа производството, изнесува 15 и тоа на користена земја вкупно 3.400,40 хектари.

Од важност е да се спомне, кон крајот на 2005 година e отпочнат проект за плодоуживање на земјоделско земјиште во сопственост на државата кој е наменет за шест социјални категории на граѓани и за кој се поделени договори за одредени површина. Со овој проект општината во соработка со Владата на Р. Македонија креира директни мерки за земјоделците кои се здобија со право за аплицирање кај домашни и странски субвенции и кредитни линии кои се наменети за оваа дејност и истовремено се поттикнуваат на самовработување.

Општина Свети Николе располага со природно поволни услови за развој на сточарството. Поаѓајќи од фактот дека општината располага со 18.444 ха природни пасисшта и 11.187 ха обработлива површина, на располагање е можноста за интензивно сточарење.

 

Индивидуални земјоделски стопанства со добиток, живина, зајаци и пчелни семејства

општина

СВЕТИ НИКОЛЕ

говеда коњи овци свињи живина зајаци пчелни семејства кози
298 105 299 1.051 1.161 88 142 495

таб. бр. 14. Број на индивидуални земјоделски стопанства со добиток, живина, зајаци

и пчелни семејства според Попис 2007 (извор: ДЗС)

 

 

Структурата на сточниот фонд е во функција на претходно анализираните категории на земјоделско земјиште, односно производството на сточна храна. Анализирано на национално ниво, најголем број на говеда во однос на бројот на земјоделските стопанства, одгледуваат фармерите во Петровец и Илинден, потоа во Св. Николе и Штип. Овците се најзастапени во Св.Николе и Штип, што е традиционална дејност, иако со драстично намален фонд за разлика од половината на минатиот век. Бројот на козите сеуште е на ниво на експериментална фаза, со мали стада, а живината (речиси 100% несилки) е сконцентрирана на повеќе помали фарми. Бројот на пчелни семејства е голем во Св. Николе, со комерцијални потенцијали.