Со целовечерен концерт на градскиот мандолински оркестар „Свети Николај“ во амфитеатарот на МСУ „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, беше одбележан јубилеј 50 години работа со мандолински оркестри на маестро Кирил Трајковски, под покровителство на Министерството за култура на РМ, локалната самоуправа на општина Свети Николе, Меѓународниот славјански универзитет и Домот на културата. Маестро Кирил Трајковски роден во Штип, каде се стекнува со образование во музичкото училиште и на педагошката академија во Скопје, ја гради својата кариера како успешен педагог, диригент и композитор. Во изминатите години, основал низа состави   од жичани инструменти од Пионерскиот дом Штип, домот на културата во Свети Николе, во ООУ „Кирил и Методиј“, хорски и други вокални состави, тамбурашки оркестри, црковен хор. Како композитор се јавува на бројни аранжмани на филмска музика, популарни класични парчиња прилагодени за мандолински оркестри, а автор е на циклусот „Под источно небо“ – 10 суити за мандолински оркестар. На концертот по повод 50 годишниот јубилеј заедно со градскиот мандолински оркестар „Свети Николај“ настапија и членовите на Македонската филхармонија Васил Атанасов на обоа и Александар Гошев на хорна, како и членовите на мандолинскиот ансамбл „Елена Генова“ од Пазарџик и членови на мандолинскиот оркестар „Стефан Борилов“ од градот Сандански од Бугарија. На концертот присуствува голем број љубители на музиката и почитувачи на делото на Кирил Трајковски од Свети Николе и Штип, меѓу кои беа и градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски и диригентот Запро Запров.

46728370_2303874389833979_6112465926588727296_n 46747899_2074580895961997_2366465922840920064_n 46800592_1428366690634080_6288302549111930880_n 46817730_521982641615197_7895150256650715136_n 46824119_202788077303741_2280398849858076672_n 46837504_1996739750404359_5520767059815825408_n 46932226_2139022096135895_8805708186968391680_n 46950751_211903589712597_5964922972358574080_n 46952965_271429320227879_6284294687494766592_n 46975362_337310190334713_6060379419376091136_n