Улицата Ванчо Ангелов во населбата „Ливади„   деновиве целосно е реконструирана и асфалтирана. Жителите на оваа населба, која минатата година беше погодена од поплавите, бараа од локалната самоуправа на општина Свети Николе, покрај другите активности да се санира и улицата по целата должина. Со средства од Владата на Република Македонија деновиве асфалтирани се 300 метри, со широчина на коловозот од 4,5 метри. Исто така, временските прилики им одат во прилог на екипите од градежни работници на ЈКП „Комуналец“   кои се ангажирани на поплочување на поголем број мали улички и сокачиња со бекатон плочи.За таа цел обезбедени се над 2.700 квадратни метри бекатон елементи за уредување на сите коловозни и пешачки патеки во градското подрачје на Свети Николе.

ulica-stocen5 ulica-stocen6 ulica-stocen4 ulica-stocen3 ulica-stocen2 ulica-stocen1