Чистење на дворно место

Врз основа на пријава на граѓани , а по основ на Решение со наложување за отстранување на комунален отпад , извршено е присилно чистење на отпад , со ризик по јавното здравје од страна на вработени лица во ЈКП Комуналец , а со асистенција на МВР Свети Николе.

Во акцијата , се расчистуваше двор со површина од 406м2 на улица „Кочо Рацин „ кој неколку години наназад е претворен во вистинска депонија. И покрај укажувањето на сопственикот на дворното место , за чистење на дворот од комунален отпад, истиот не постапи по налогот и решението издадено од страна на инспекторот за животна средина при Општина Свети Николе.
Чистењето на дворното место и дислокацијата на отпадот како и механичко средување на вегетацијата траеше над 8 часа. При тоа , се отстрани комунален отпад од околу 40м3 и истиот е депортиран на градската депонија.
Во склоп на акцијата екипа на Заводот за здравствена заштита од Велес изврши дезифенкција , дезинсекција и дератизација на местото.
Бидејќи сопственикот на дворното место не постапи по налогот за извршување на инспекторот, сите трошоци настанати во акцијата ќе паднат на терет на сопственикот на дворното место.

Апелирам до сите граѓани да се придржуваат на законските прописи и расчистување на дворните места и заштита на нашата околина.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora