Локалната самоуправа на општина Свети Николе, започна со рализација на проектот за чистење на речното корито на светиниколска река, како една од мерките за регулирање на водотеците и спречување на поплави на територијата на општината. Средствата за изведување на овие активности се обезбедени преку   Центарот за справување со кризи на Република Македонија и како што истакнува градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, во наредните неколку недели ќе се работи на проширување и продлабочување на речното корито на потегот од село Амзабегово до Свети Николе во должина од околу 10 километри, како и на отстранување на критичните точки во речните корита и на притоките на реката. Со реализација на оваа активност ќе се спречи можното излевање на реките и поплавување на станбените и стопанските објекти, како и земјоделските површини во светиниколско.

??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ???????????????????????????????