Чисти речни корита – заштита од поплави

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија општина Свети Николе изминатите денови, го зголемија нивото на вода на реките. Жителите во населбите кои се наоѓаат покрај коритото на светиниколска река стравуваа дека може да дојде до излевање и поплавување на нивните домови. Со проток од околу 15 кубни метри вода во секунда, што е еден од највисоките водостои забележан во изминатиот период, насипите и исчистените корита   успеаа да го запрат налетот на водените буици. Покрај тоа на терен беа ангажирани екипи со градежна механизација и постојани дежурства за да се следи состојбата со водостојот. Локалната самоуправа на општина Свети Николе, со поддршка на Владата на Република Македонија, изврши чистење на речните корита во должина од околу 4 илјади метри на сите поголеми и помали реки во општината, што се покажа исправно и се избегнати поголеми катастрофи и штети од надојдените води. Како што истакна градоначалникот Зоран Тасев и во иднина, активно ќе се работи на одржување на речните корита, со цел да се избегнат штетите од поплави во овчеполието.

korito (6) korito (5) korito (4) korito (3) korito (2) korito (1)

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora