Мрежата на млади фармери ММФ село Мешеишта,Дебарца во
соработка со општина Свети Николе, со финансиска поддршка од
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
денес на плоштадот „Илинден“ во Свети Николе беше организирана
манифестацијата „Ден на млад фармер“. Со бројни штандови на
земјоделски производители, претпријатија, дистрибутери на
земјоделска механизација и млади фармери, каде беше изложено
дел од производството и новите машини и трактори, присутнте имаа
можност да се запознаат и остварат контакти со сите чинители кои
остваруваат завидни резултати во аграрот. Градоначалникот на
општина Свети Николе Сашо Велковски, истакна дека ваквите
настани отвораат нови можности и перспективи младите земјоделци
се повеќе да го развиваат своето производство и се повеќе да бидат
присутни на пазарите со квалитетни производи. Министерот за
земјоделство Љупчо Николовски во своето обраќање истакна дека
перспективите на земјоделците и на младите фармери се фондовите
за земјоделство на европската унија, кои во наредниот период ќе
бидат многу подостапни и поедноставени. ММФ ја организира оваа
манифестација со цел да придонесе за анимирање на младите
земјоделци преку јавни настапи кои пренесуваат успешни приказни,
а со тоа да се зајакне свеста на младите за потребата од нивно
останување во руралните средини, наследување и развивање на агро
бизнисот. Плакета за најдобар млад фармер Министерот Николовски
му додели на Марио Петрев од село Амзабегово.
42258278_1484406315038122_8879681864701313024_n 42273474_236915403659935_5426150953214541824_n 42286589_247744229272401_6751235556161617920_n 42292907_311453959676573_5632158883473522688_n 42293510_307638506719919_3195454474223091712_n 42294792_311951079356145_7704841316621877248_n 42317216_234703240531910_9095350267330691072_n 42342562_558423127951555_1546281341450977280_n 42420495_973896846146076_9158970965051310080_n