Донација од Република Бугарија за општина Свети Николе во медицинска опрема

Во Свети Николе пристигна донација од Република Бугарија во медицинска опрема од маски, ракавици,визири, наочари, одела , заштитници за нозе .
Опремата ја донираше бугарскиот граѓанин Милен Врабевски од Софија.Општина Свети Николе се заблагодарува бескрајно на хуманиот гест од страна на Милен.
Воедно упатуваме благодарност на нашиот сограѓанин Александар Панев кој е на работно место во амбасадата на нашата држава во Софија за целокупната посветеност да ни помогне во подобро справување со КОВИД-19 во нашата општина.
Како резултат на хуманиот гест, на господинот Милен Врабевски во  име на општина Свети Николе , од страна на претседателот на Советот на општината Кире Алексов, му беше врачена благодарница.
Опремата ќе биде пренасочена на персоналот во Здравстен дом “Г.Гаврилски” со цел да им помогнеме на вработените за подобра заштита и справување со коронавирусот.
Ова е уште еден доказ дека постојат хумани  луѓе што сакаат да помогнат на нашата општина во секое време.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora