Овчеполието е познат земјоделско-сточарски регион. Луѓето од овој крај отсекогаш се занимавале со земјоделство, бидејќи регионот изобилува со почва од повеќе класи, со посебна внатрешна вредност-бонитет, голем број на сончеви денови и систем за наводнување кој покрива 8000 ха обработлива површина. Со тоа се исполнети условите за одгледување на житни, индустриски и градинарски култури. Економското значење на земјоделството може да се види од неговото 38,8 %  учество во структурата на општествениот производ во општината, што претставува стратешки фактор за развој на целокупниот стопански живот.

 Преглед на земјишната површина на регионот “Овче Поле” 

  Структура на земјишниот фонд во регионот Овче Поле Површина во ха. Површина во %
1. Обработливо земјиште 27.318,60 54
2. Пасишта 14.672,40 29
3. Шуми 5.921,00 11,6
4. Неплодно земјиште 2.700,00 5,4
  Вкупна површина 50.632,00 100

 

 Од табелата се гледа дека вкупната обработлива површина зафаќа 27.318,60 ха или 54% од вкупната површина на Општината (50.632 ха). од која на пасиштата и припаѓаат 14.672,40 ха или 29%, на шумите припаѓаат 5.921 ха или на 11,6% од вкупната површина. На неплодното земјиште (трски и мочуришта) преостанува 2.700 или 5,4%.

 Поледелство

Поледелството како главна и основна гранка на земјоделието е најзастапено од сите други гранки,па со оглед на земјишната структура и климатките погодности Овчеполскиот регион претставуа идеален терен за одгледување на голем број полјоделски култури, кои по квалитет и квантитет се меѓу најдобрите во светот.

Предмет на обработка се обработливите површини од 27.318,6 ха.

Сопственост-два вида:     државна = 18.566,6 ха. приватна =   8.752,0 ха.

под концесија – закуп (5-10 год.) = 670,0 ха.

Производството се одвива на два начина и тоа:

  1. Со наводнување
  2. Без наводнување

Површини опфатени со хидро-мелиоративниот систем “Калиманци” во Овче Поле

  Населени местапод наводнување државна сопстевеност во ха. приватна сопственост во ха. вкупна површинаво ха.
1. Амзибегово 620 374,30 967,30
2. Ерџелија 1.504 404,00 1.908,00
3. Кадрифаково 303 52,00 355,00
4. Црнилиште 1.099 431,60 1.530,60
5. Мустафино 1.008 631,20 1.639.20
6. Пеширово 506 161,60 667.60
7. Свети Николе 303 400,00 707.00
Вкупна површина под наводнување 5.340,00 2.427,70 7.767,70

 

Површини кои се наоѓаат надвор (неопфатени од хидро-мелиоративниот систем “Калиманци”)

државна сопственост    во ха приватна сопственост   во ха вкупно површина          во ха
12.556,6 6.324,3 18.880,9

(Државната сопственост е намелена за 670 ха под концесија).

Сточарство

Свети Николе располага со природно поволни услови за развој на сточарството. Поаѓајќи од фактот дека има 14.672,40 ха природни пасишта и 27.318,60 ха обработлива површина постои можност за интензивно сточарење Што се однесува до податоци за грла на стока во општина Свети Николе:

 

Говеда 2 708  грла
Овци 25 669
Кози 1 097
Коњи 90
Магариња 187
Кокошки 16 830
Кучиња 1014

 

Во општина Св.Николе се наоѓаат следните прозводствено-сточарски капацитети од интезивен тип на производство :

Тип на фарма Мини фарма Големи фарми
краварски                 4                     2
свињарски                 10                     1
живинарски                 4                     /

 

Во општината успешно деловно опстојува и месната индустрија – МИК која во своите капацитети има и кланица, но за жал таа  пред се ѓи користи суровините од увоз.

И покрај проблемите со кои се соочува сточарството генерално,со цел за развој на интезивно сточарство, ЛС на општина Свети Николе има проектирано место за градби на мини-фарми со целокупна инфраструктура во местото наречено Ќировец, кое сеуште е проект со интенција за брза реализација.

Како фактори за унапредување на сточарството можеме да ги наведеме следните:

  • стратегија на локалните самоуправи за лоцирање и изградба на современи фарми;
  • патна инфраструктура и одржување;
  • електрична и телекомуникациска инфраструктура;
  • водоводна инфраструктура (посебно внимание на експлоатација наподземните води).

 И за останатите гранки од сточарството(овчарство,козарство,говедарство и др.) генерално треба да се превземат мерки во селектирањето на расите( посебно кај говедарството) и зголемување на фармите и производствените капацитети .

Ловен Туризам

 Добро е да се спомне дека за општината карактеристично овде е и Ловниот туризам како посебна гранка која привлекува  домашни и странски туристи а овозможува лов на дивеч на 8 ловишта со вкупна површина од 65 420 ха.Од дивечот е присутен дивиот зајак,полска еребица,волк и грабливи птици од видот орел.Посебно се атрактивни туристичките локалитети Богословец и посебно Ѓуриште како највисока точка на општината со 856 м н.в каде постои и културно наследство-манастир од 15 век и археол.локалитет Градиште од римско доба.