Зоран Лазаревски претставник на платежните агенции на работилницата која се одржа во салата на општина Свети Николе, пред голем број земјоделци   ги презентираше условите за   користење на европските фондови, проблемите со кои се соочуваат, но изнесе и предлози за поефикасна искористеност на ИПАРД-програмите. Во општина Свети Николе има регистрирано најголем број на индивидуални земјоделци во нашава земја и голем број од нив   се заинтересирани за користење на средствата од ИПАРД програмата. Досегашните искуства покажаа дека самите земјоделци тешко можеа да дојдат до тие средства, бидејќи беа обврзани со голема документација што често не можеа да ја обезбедат. Градоначалникот на општина Свети НиколеСашо Велковски во своето обраќање истакна дека земјоделците од Свети Николе сега многу полесно ќе можат да дојдат до тие средства. Во новите пакети на агенциите се нудат и грантови за отворање на аграрни фирми за млади индивидуални производители.

DSCN9630 DSCN9631 DSCN9633 DSCN9635 DSCN9636 DSCN9637 DSCN9638 DSCN9639 DSCN9640