Во тек е реализација на изградба на повеќенаменски игралишта во руралните средини. Досега се завршени игралишта во селата Амзабегово и Пеширово, а деновиве градежниците интезивно работат на изградбата на игралиште во село Мустафино. Исто така во наредниот период со овој проект кој го финансира Агенцијата за рурален развој на Владата на Р. Македонија, ќе бидат опфатени и селата Ерџелија, Кадрифаково и Немањици. Покрај детските реквизити и играчки, игралиштето ќе има и кошаркарско игралиште, а децата ќе имаат можност да го користат и во вечерните часови бидејки ќе биде и осветлено со штедливи светилки.

igraliste (9) igraliste (8) igraliste (7) igraliste (6) igraliste (4) igraliste (3) igraliste (2) igraliste (1)