Изградба на улици во градските гробишта во Свети Николе

Вработените од ЈП „Погребални услуги„ деновиве интензивно работат на уредување на пешачките патеки и улици во градските гробишта во Свети Николе. До крајот на оваа година со бекатон плочки ќе биде поплочена улица во должина од 160 метри која ќе ги поврзува старите со новите гробни места. Со тоа ќе се овозможи непречено движење кон новите парцели кои ќе се простираат на површина од 3 декари и во наредниот период од десет години ќе ги задоволат потребите на погребалните услуги. ЈП „Погребални услуги“ од Свети Николе, заедно со локалната самоуправа работат на проектот за изградба на капела која се наоѓа веднаш до градските гробишта на црквата „Свети Стефан“, која се очекува да биде завршена до средината на идната,   2015 година.

pateka (4) pateka (3) pateka (2) pateka (1)

 

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora