Изградба на водоводна и канализациона мрежа во населбата Сопотски пат

Деновиве започна реализацијата на уште еден голем проект во Општина Свети Николе, односно изградбата на водоводна и канализациона мрежа во населбата Сопотски пат. Овој градежен објект опфаќа околу 730 метри водоводна инсталација со пречник од 125 мм , како и канализациона инфраструктура со должина од 950 метри со профил на цефките од 200 и 250 милиметри. Тоа значи дека целосно ќе бидат покриени улиците „Михајло Апосотолски“ и „Гаврило Гаврилски“ во ова нова населба каде во тек е изградба на повеќе индивидуални станбени објекти.
„Упатуваме голема благодарност до Владата на РМ и Министѕерството за транспорт и врски кои преку грант за подршка на инфраструктурни проекти обезбеди околу 12 милиони денари за целосна реализација на овој проект“ , истакна во своето обраќање Градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев.

kanalizacija-sopotski kanalizacija-sopotski2 kanalizacija-sopotski3 kanalizacija-sopotski4

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora