Во населба „Лозов расадник“, до патот Свети Николе – Горобинци, деновиве се изведуваат работите околу изградбата на водоводната и канализационата мрежа за новите станбени објекти. Вредноста на проектот изнесува околу 7 милиони денари кои ги обезбедува локалната самоуправа на Свети Николе, а ќе бидат поставени околу 540 метри водоводни и околу 680 метри цевки за канализација, во кои ќе бидат вградени шахти, вентили и сливници. Се очекува за околу 30 дена изведувачот да ги заврши работите и оваа населба да ја добие потребната комунална инфраструктура. Во следната фаза е предвидено тампонирање и асфалтирање на улиците, истакнува градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски. Во рамките на овој проект сопствениците на индустриските објекти кои се наоѓаат на оддалеченост од околу 1 километар од градот, бараат решение за приклучување на градската канализациона мрежа, односно решавање на проблемот со отпадните води.
Скорешни написи
- Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021
- 62-ра Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Свети Николе
- Доделување на награди и признанија
- 61-ва Седница на Советот на Општина Свети Николе
Кој е онлајн?
Во моментот: 4 посетители
Изградба на водоводна и канализациона мрежа