[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=EEoyXY3mAAQ[/embedyt]
Во рамки на 16те меѓународни денови за борба против семејното насилство и насилство и врз жените, на 29.11.2019 година во големата сала на општина Свети Николе, ОЖО Свети Николе организираше јавна трибина на тема ,,Асертивна ЈАС”-Психолошко насилство кон жените во современото живеење и асертивност како еден од можните НЕнасилни одговори.Трибината ја модерираше претседателката на ОЖО,Даниела Панева, а тематскиот дел го презентираше Елисавета Секуловска, лиценциран психолог,психолошки советник,психотерапевт и сертифициран обучувач за асертивна комуникација при Комора на Психолози. Презентацијата содржеше два дела, поврзани меѓусобно. Зборувајки за начините на превенирање од насилно однесување и потребата од вклучување на мажите и момчињата во превентивните мерки, до начините на справување со родово базираното насилство се отвори конструктивна дискусија околу асертивните права, асертивните дозволи и асертивни изјави. Преку сликовит приказ и со соодветни практични примери, експертката успеа кај присутните да ја претстави суштината за асертивното однесување како модел на изразување на мисли, чувства и верувања на директен, искрен и социјално соодветен начин со уважување на правата на другите соговорници.