Социјална заштита
КАТЕГОРИИ и ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
1. Еднократна парична помош за лица со попреченост – жени и мажи, како и на нивните семејства
Висината на паричната помош од 3.000 до 5.000 денари, во завинсост од материјалната состојба на потесното семејство на барателот, социјалната положба на потесното семејство на барателот, и бројот на членовите на смејството на барателот (семејството со кои барателот живее во заедничко домаќинство). Паричната помош се доделува на физички лица жители на Општина Свети Николе со попреченост до 65 годишна возраст, кои имаат една или повеќе видови на попреченост.
Лица со попреченост согласно Овој Правилник ги опфаќа следиве категории коишто имаат:
- пречки во телесниот развој (тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој);
- интелектуална попреченост (умерена, тешка и длабока);
- оштетен вид (слепо и практично слепи лица);
- оштетен слух (практично глуво и тотално глуво);
- потполно отсуство на говорот, тешко оштетен говор, лице со изгубен или оштетен порано стекнат говор;
- аутизам;
- и повеќе видови попреченост (комбинирани пречки во развојот).
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
- Барање за остварување на правото на еднократна парична помош превземи word
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
- Наод и мислење за оцена на видот и степеност на попреченост и посебните потреби на лица со пречки во развој издадено од соодветна установа или потврда од Центарот за социјална работа дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење;
- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
- Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;
- ИЗЈАВА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ Согласно Законот за заштита на личните податоци – превземи word
- Изјава дека податоците прикажани во приложената документација се идентични, точни и одговараат на реалната состојба; – превземи word
- Евидентен лист. – превземи word
2. Еднократна парична помош за семејства во кои не работи ниту еден член
Лица со попреченост согласно Овој Правилник ги опфаќа следиве категории коишто имаат:
-
- пречки во телесниот развој (тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој);
-
- интелектуална попреченост (умерена, тешка и длабока);
-
- оштетен вид (слепо и практично слепи лица);
-
- оштетен слух (практично глуво и тотално глуво);
-
- потполно отсуство на говорот, тешко оштетен говор, лице со изгубен или оштетен порано стекнат говор;
-
- аутизам;
-
- и повеќе видови попреченост (комбинирани пречки во развојот).
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)
-
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
-
- Наод и мислење за оцена на видот и степеност на попреченост и посебните потреби на лица со пречки во развој издадено од соодветна установа или потврда од Центарот за социјална работа дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење;
-
- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
-
- Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;
3. Еднократна парична помош за семејства во кои работи само еден член од семејството
Висината на паричната помош изнесува од 3.000 до 5.000 денари во завинсост од материјалната состојба на потесното семејство на барателот (семејството со кои барателот живее во заедничко домаќинство), социјалната положба на потесното семејство на барателот, и бројот на членовите на смејството на барателот. Паричната помош се доделува на еден член на семејството во кои работи само еден член од семејството – физички лице.
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)
-
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
-
- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word –ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
-
- Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;
4. Еднократна парична помош за семејства настрадани од елементарни непогоди
Еднократна парична помош ќе се доделува на поединец жител на Општина Свети Николе или семејство кое се нашло во положба на елементарна непогода (земјотрес, поплава, пожар и др.). Висината на паричната помош се доделува во зависност од причинетата штета и вкупните примања на семејството и е поделена во две категории:
-
- Прва категорија – од 3.000 до 9.000 денари, врз основа на утврдената проценка на штета од страна на Општинска комисија;
-
- Втора категорија – од 10.000 до 30.000 денари врз основа на утврдената проценка штета од страна на Општинска комисија;
-
- Во исклучителни ситуации висината на паричната помош може да биде и повисока од утврдената, а најмногу до 30.000 денари и тоа кога на барателот кој се соочил со природни непогоди му е предизвикана штета од големи размери и тоа само за објекти наменети за домување.
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)
-
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
-
- Записник или наод и мислење за утврдената состојба од претрпена природна непогода издаден од надлежен орган – ТППЕ, МВР или др.;
-
- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
-
- Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;
5. Еднократна парична помош за социјално загрозени лица
Висината на паричната помош изнесува од 3.000 денари. Паричната помош се доделува на физички лица без средства за егзистенција и физички лица корисници на минимална социјална помош и стари лица над 65 години корисници на семејна пензија; земјоделска пензија и инвалидска пензија.
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)
-
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
-
- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
-
- Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;
6.Еднократна парична помош за лекување
Висината на паричната помош е според следните категории:
1. Лекување со соодветни испитувања; – ехографски снимања, – преглед со скенер и – магнетна резонанца 4.000 денари.
2. Лекување со лекарства коишто не се наоѓаат на Позитивната лиса на лекови а се однесуваат на лекување на болни од карцином, ретки болести, болни од заразни болести со коишто се загрозува човековото здравје и живот (заразни болести, инфекции, епидемии, пандемии и сл.) 4.000 денари.
3. Лекување со оперативен зафат во државата 6.000 денари;
4. Лекување надвор од државата 6.000 денари;
5. Лекување со оперативен зафат надвор од државата до 9.000 денари;
Во исклучителни ситуации висината на паричната помош може да биде и повисока од утврдената, а најмногу до 30.000 денари и тоа кога барателот е во животно – загрозувачка состојба и му се потребни повеќе финансиски средства за да изврши оперативен зафат. Паричната помош се доделува на лица чии вкупни месечни примања во семејството не надминуваат износ од 30.000 денари.
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)
-
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
-
- Медицинска документација и финансиска документација не постарa од 6 месеци од денот на доставување на барањето (медицинска: специјалистички упати, наоди од специјалист, извештај за историјат на болеста, отпусни листи, медицински потврди од соодветни здравствени установи за болничко лекување, потврда/извештај за закажана хируршка интервенција и слично; финансиска документација – фискални сметки, потврда или др.);
-
- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
-
- Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;
7. Еднократна парична помош за смртен случај
Висината на паричната помош е 9.000 денари. Паричната помош се доделува на невработени лица, лица приматели на социјална помош, или на лица чии вкупни месечни примања во семејството не надминуваат износ кој е пропишан како минимална плата утврдена со Законот за минимална плата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 32/17, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19, 239/19 и 41/22).
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)
-
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
-
- Извод од матичната книга на умрените за починатиот член – копија или оригинал;
-
- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
-
- Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;
8. Еднократна парична помош за новороденче
Висината на парична помош изнесува 6.000 денари за новородено дете и 15.000 денари за третородено дете и секое наредно новородено дете. Постапката за доделување на парична помош за новороденче се поведува со поднесување на писмено барање на 1 од родителите односно старателите.
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) на двата родители или старателот
-
- Копија од Трансакциона сметка на барателот;
-
- Копија од Извод на венчаните за родителите
-
- Копија од Извод од матичната книга на родените за детето;
-
- Копија од Извод од матична книга на родените за останатите деца во семејството;
-
- Копија од решение за старател во случај на старателство;
-
- Доказ за уплата на 50 денари Административна такаса;
10. Еднократна парична помош за прваче
Право на еднократна помош за прваче има секое семејство кое го запишале своето дете – прваче во основно училиште на територија на Општина Свети Николе. Висината на парична помош за секое прваче изнесува 3.000 денари. Постапката за доделување на парична помош за прваче се поведува со поднесување на писмено барање со приложена документација од страна на еден родител/старател на дете прваче жител на Општина Свети Николе во Канцеларијата за едношалтерско работење на Општина Свети Николе, како и во основните училишта при упис на ученикот.
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) на барателот;
-
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
-
- Копија од извод од матичната книга на родените за детето;
-
- Потврда за запишан ученик во прво одделение заверена од основното училиште – оригинал;
-
- Копија од решение за старател во случај на старателство;
11. Еднократна парична помош за средношколци редовни ученици запишани во прва учебна година во Средно училиште на Територијата на Општина Свети Николе
Право на еднократна помош за средношколец – редовен ученик жител на Општина Свети Николе има секое семејство кое го запишале своето дете како редовен ученик – во прва година на средно училиште на територија на Општина Свети Николе. Висината на парична помош за секој ученик изнесува 6.000 денари. Постапката за доделување на парична помош за ученик се поведува со поднесување на писмено барање со приложена документација од страна на еден родител/старател на дете – редовен ученик жител на општина Свети Николе запишан во прва година во Канцеларијата за едношалтерско работење на Општина Свети Николе, како и во средното училиште при упис на ученикот.
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) на барателот;
-
- Копија од трансакциона сметка на подносителот;
-
- Копија од извод од матичната книга на родените за детето;
-
- Потврда за запишан редовен ученик во прва година на средно училиште на територија на Општина Свети Николе година заверена од средното училиште училиште – оригинал;
-
- Копија од решение за старател во случај на старателство;
12. Помош во натура на социјално и материјално загрозени лица за поправка и оспособување на дом
Помош во натура ќе се доделува на лице жител на Општина Свети Николе или семејство чишто дом се нашол во положба на оштетување пради елементарна непогода (земјотрес, поплава, пожар и др.) или поради дотраеност/застареност на домот во коишто живее.
Под дом се подразбира – куќата, односно станот во кој живее барателот.
Паричната помош се доделува само за оштетени објекти, овој вид на помош не се доделува за викендици, помошни објекти, гаражи, штали, шупи.
Финансиската помош за поправка и оспособување на дом се доделува на социјално загрозени граѓани во следните случаи:
– поради невреме или елементарна природна непогода (поплава, пожар,земјотрес и сл.) или доколку домот е уништен не по вина на барателот (сообраќајна несреќа, несреќен случај и др.) и е потребно негово санирање, а барателот нема материјални можности тоа сам да го направи; и
– поради дотраеност/застареност на објектот се случило пропаѓање на домот и постои потреба од поправка и оспособување на истиот, а граѓанинот нема материјални можности тоа сам да го направи.
Висината на финансиската вредност на помошта во натура за санирање на дотраен дом од пропаѓање поради дотраеност/застареност се одобрува во висина најмногу до 40.000 денари, според приложена спецификација од стручна комисија за оспособување на објектот.
Финансиската вредност на помошта за оспособување и обновување на уништен дом поради невреме или елементарна природна непогода (поплава, пожар, земјотрес и сл.) или доколку домот е уништен не по вина на барателот (сообраќајна несреќа, несреќен случај и др.) се одобрува во висина најмногу до 60.000 денари, според приложена спецификација од стручна комисија за оспособување на објектот.
Во исклучителни ситуации висината на помошта во натура може да биде и повисока, а најмногу до 100.000 денари и тоа кога на барателот кој се соочил со елементарна и природна непогода и му е предизвикана штета од големи размери и тоа само за објекти наменети за домување.
Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)
-
- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) на барателот;
-
- Записник или наод и мислење за утврдената состојба од претрпена природна непогода издаден од надлежен орган – ТППЕ, МВР или др. – само доколку оштетувањето се случило поради невреме или елементарна природна непогода (поплава, пожар,земјотрес и сл.) или станбениот простор е уништен не по вина на барателот;
-
- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
-
- Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;
-
- извештај со утврдена проценка на штетата од Општинска комисија – овој документ по службена должност го прибавува Општина Свети Николе;
-
- Имотен лист за парцелата на која е поставен објектот на кој како сопственик е запишан поднесителот на барањето, или негов член на семејството или предмет за легализација, а за бесправно изграден објект потврда дека истиот е во процес на легализација; доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word– ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ
13. Помош во натура вид на социјални пакети за новородени деца од семејства кои се нашле во положба на социјална одноно материјалан загрозеност, жители на општина Сети Николе
Право на помош во натура во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства, жители на општина Сети Николе имаат родители или старател/и на Општина Свети Николе кои имаат поднесено барање за користење на Право на еднократна помош за новороденче а се нашле во положба на социјална односно материјална загрозеност. Висината на финансиската вредност на помошта во натура во вид на социјални пакети за новородени деца од од семејства кои се нашле во положба на социјална одноно материјалан загрозеност се одобрува во висина најмногу до 3.000 денари. Постапката за доделување на помош во натура во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства се поведува со самото поднесување на писменото барање за користење на Право на еднократна помош за новороденче на еден од родителите односно старателите со приложена документација во Канцеларијата за едношалтерско работење на Општина Свети Николе. Социјалниот пакет за новороденче содржи производи наменети за новороденче и тоа: пелени, бебешки лосион, помада, бебешка пудра (колекции за третирање и нега на бебешката кожа), шише, цуцла и други бебешки производи за новороденче кој по свој избор ги бира Општина Свети Николе (да с енаведе кој дали Јавна Набавка или др.) на одобрената помош во вкупен износ до 3.000 денари.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА – Како потребна дополнителна документација за остварување на правото на помош за помош во натура во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства кон Барањето за користење на Право на еднократна помош за новороденче е:
Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство; Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ; потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;
Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија.