Кризниот штаб на општина Свети Николе во проширен состав, одржа седница на која се разгледа актуелната состојба во општината во врска со справување со коронавирусот.

На седницата се одлучи дека од сабота 30.05.2020, ќе биде пуштен во употреба јавниот превоз на општината со претходно утврдената динамика и релации на движење за селата Црнилиште, Пеширово, Амзибегово, Кадрифаково, Ерџелија, Мустафино и Горобинци и со почитување на веќе утврдените прописи и протоколи.

Граѓаните од овие села можат да ги користат и новопоставените стојалиште за патниците .

Превозникот е задолжен со континуирана дезинфекција на возилата , употреба на дезинфекциони средство за сите патници е задолжителна и секако на носење на заштитни маски или марами.