Етно групата „Монистра“ синоќа во салата на Домот на културата „Крсте.П.Мисирков“ во Свети Николе одржа целовечерен концерт, пред бројните љубители на традиционалната македонска музика. „Монистра“ пред светиниколската публика се претстави со композиции од најновиот албум во кои доминираат обработки на песни во етно стил каде доминира неправилната ритмика,   и кој е препознатлив белег на македонската музика. Еден ипол час публиката уживаше во настапот на членовите на „Монистра“ и прекрасниот глас на нивниот вокал Габриела Јанушевска, наградувајќи ги со голем аплауз. На концертот покрај големиот број граѓани присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски. Инаку, овој концерт е реализиран со поддршка на министерството за култура и домот на културата од Свети Николе преку проектот „ Нов културен бран“.

IMG_9728 IMG_9736 IMG_9741 IMG_9764 IMG_9720 IMG_9706