Ковид-19 -Најнови мерки

На состанокот  на Кризниот штаб на општина Свети Николе одржан на ден 29.04.2020 се разгледа актуелната ситуација во општината во врска со превземаните активности за заштита и превенција од корона вирусот .
▶️На територијата на општината нема ниту едно лице заболено од Ковид-19,
▶️Моментално 11 лица се наоѓаат во самоизолација и истите се придржуваат на мерките за самоизолација
▶️За време на продолжениот викенд за 1-ви Мај земјоделците кои не се регистрирани во МЗШВ (сопственици на фарми, пластеници и  пчелари) можат да го најават движењето со јавување на тел.број 075/421-181 денес до 15,30 часот и утре до 19.00 часот, за сите три дена од викендот.
▶️Угостителските објекти кои имаат добиено дозвола за работење од Кризниот штаб, можат да ја вршат својата дејност за време на викендот единствено со он-лајн нарачки до 21.00 часот.
▶️За време на продолжениот викенд (1,2 и 3-ти мај) дозволено е движење во временски период од 05.00-14.00 часот. За лицата до 18 години дозволено е движење од 12.00-14.00 часот, а за лицата над 67 години дозволено е движење во временски термин од 05.00-11.00 часот.
▶️Се апелира  до сите граѓани да ги почитуваат мерките на Владата во носење на заштитни маски и држење на дистанца од 2 метри.
Исто така се апелира за време на викендот да се почитуваат  мерките за забрането групирање за повеќе од две лица.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora