Крводарителна акција

Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје во соработка со Општинскиот Црвен крст, денеска во Свети Николе спроведоа акција за доброволно дарување на крв. Интересот за овие хуманитарни акции во општината е голем и секогаш го надминува планиранираниот број на дарувања, што на годишно ниво изнесува неколку десетина проценти над планираните 900 крвни единици. Досегашните акции покажуваат дека интересот кај крводарителите не се намалува, а е регистриран и зголемен број на дарители кои за прв пат ја подаваат својата рака. Денес на крводарителната акција учествуваше градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, кој е повеќекратен дарител со околу 70 дарувања.

DSCN0097 DSCN0099 DSCN0137 DSCN0141 DSCN0143 DSCN0155

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora