Со поддршка на Локалната самоуправа и градоначалникот на општина Свети Николе, по девети пат   во одморалиштето Братство –единство во Стар Дојран беше организиран летен камп за лицата од дневниот центар за лица со пречки во развојот од Свети Николе. Околу 15 штитеници од дневниот центар заедно со свои придружници, во најголем број нивни родители, седум дена учествуваа во активностите што се организираат на брегот на Дојранското езеро. Преку разни содржини имаат можност да се забавуваат,   да се едуцираат, да се дружат и да се капат во водите на езерото. Градоначалниот на општина Свети Николе, Сашо Велковски, ги посети, подарувајќи им пригодни подароци, ги слушна нивните импресии и потврди дека овој камп ќе продолжи да се одржува и во наредните години збогатен со нови содржини. Штитениците од дневниот центар и нивните родители се задоволни од условите на сместување, храната и активностите кои се реализираат во летниот камп „Дојран 2018“.

https://www.youtube.com/watch?v=Ui4RHuGLP_U&feature=youtu.be  – извор www.tvsvet.com.mk

40452057_251793265665498_1344269135231582208_n 40435675_252259072285584_2798571840778272768_o 40318546_251793238998834_4117254116365828096_n 40290473_251793298998828_1904902486372646912_n 40238914_251793132332178_601975499446550528_n