Штитениците од дневниот центар за лица со посебни потреби од Свети Николе, со своите родители и годинава ќе одмораат во Дојран. Општина Свети Николе, петта година по ред организира летен камп за лицата со посебни потреби, во детското одморалиште „Братство – Единство“ во Стар Дојран. За децата од ранливите групи Министерството за труд и социјална политика организира летен и зимски одмор, додека општина Свети Николе, секоја година, обезбедува седумдневен престој за дваесетина штитеници. На заминувањето   градоначалникот Зоран Тасев на сите лица со посебни потреби од светиниколскиот дневен центар им подари пригодни реквизити за плажа.

dojran (4) dojran (3) dojran (2) dojran (1)