Македонската филхармонија во Свети Николе

Македонската филхармонија под диригенство на маестро Борјан Цанев, на 12 септември, одржа концерт во Свети Николе во салата на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“. Оркестарот пред светиниколската публика се претстави со дела од Дворжак, Чајковски, Маскањи, Брамс, Хачетуријан, Офенбах, Штраус, Берштајн, а изведе и две композиции од македонските автори Благој Цанев (Овчеполска свита) и Сони Петровски       ( Пијан танец – Пајдушко). Концертот се реализира според програмата и со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија. Љубителите на музиката во салата со долготрајни аплаузи ги наградија изведувачите и побараа и бис на членовите на оркестарот на Македонската филхармонија.

filharmonija (9) filharmonija (8) filharmonija (7) filharmonija (6) filharmonija (5) filharmonija (4) filharmonija (3) filharmonija (2) filharmonija (1)

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora