Масовно прославен Патронот на градот „Свети Николај“

Светиниколчани денеска масовно се приклучија во црковниот храм и на литијата, а неколку илјади граѓани и гости  изелегоа во центарот на градот за да го прослават 19-ти Декември Патронот на градот Свети Николе „Свети Николај“ Чудотворец Мирликијски. Градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев на сите присутни им го честита денешниот празник посакувајќи им добро здравје и да се почитуваат традиционалните христијански вредности. Организаторот Локалната самоуправа на Општина Свети Николе и и голем број стопански субјекти се приклучија во подготовките на големата посна трпеза која беше поставена во центарот на градот за сите оние кои што денеска сакаа да вкусат од посното гравче и риба. За добро расположени и забава на присутните се погрижи етно групата „Табиет“ од Свети Николе. Посебно интересно беше учеството на параглајдеристите од параглајдерскиот клуб „Делта“ од Прилеп.

Sveti Nikolaj (8) Sveti Nikolaj (6) Sveti Nikolaj (5) Sveti Nikolaj (4) Sveti Nikolaj (3) Sveti Nikolaj (2) Sveti Nikolaj (1)

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora