todorica2018_programa

Општина Свети Николе има богата фолклорна традиција која истовремено претставува и богато македонско творештво кое со своите автентични вредности има и светско значење. Со отпочнување на Фестивалот Тодорица, општината прераснува во вистински центар на изворниот фолклор, вклучувајќи различни етноси од Македонија и пошироко. Во периодот од 1973-1987 година, Свети Николе преку КПЗ е организатор на манифестацијата „Фолклорни смотри“ каде што биле опфатени сите општини од источниот регион, на кој автентично се презетира македонскиот изворен фолклор. Подоцна овој настан прераснува во фестивал на изворен фолклор кој во 2013 година се здобива со епитетот меѓународен, со учество на фолклорни ансамбли од странство. За зачувување и негување на изворниот фолклор најголем придонес имаат културно-уметничките друштва кои работеле на поднебјето на општина Свети Николе. Посебно се издвојува ФА „Јанко Глигоров“, кој работи во состав на ОУ Дом на култура „Крсте Мисирков“ и своите фолклорни вредости ги претставува во континуитет повеќе години наназад. На фестивалот учествуваат ансамбли и друштва од Македонија и надвор од неа. По одлука на стручното жири се доделуваат неколку награди:

  • Најдобра вокална изведба
  • Најдобра инструментална изведба
  • Најдобра сценска изведба

todorica_2014 (6) todorica_2014 (5) todorica_2014 (7)