Командантот на Југоисточната европска бригада на НАТО која е стационирана во Лариса, Грција,   бригадниот генерал Хакан Есер ја посети општина Свети Николе. При тоа, оствари средба со градоначалникот Зоран Тасев на која беше информиран за актуелните остојби во локалната самоуправа. Во придружба на Нато генералот Есер, беа и членовите на неговото семејство кои потекнуваат од светиниколското село Црнилиште, а сега живеат во Турција. Во рамките на посетата тие престојуваа и во Народниот музеј на Свети Николе. Турскиот бригаден генерал Хакан Есер изрази желба наскоро повторно да ја посети општина Свети Николе.

general NATO (8) general NATO (7) general NATO (6) general NATO (5) general NATO (4) general NATO (3) general NATO (2) general NATO (1)