Екипи на ЕВН и фирмата ТМ од Штип деновиве ги изведуваат работите на поставување на нов 10 киловолтен далновод во село Ерџелија. Далноводот во должина од околу 2000 метри ќе ја поврзува населбата со главниот далновод од Штип и ќе значи стабилност и квалитет во испораката на електрична енергија до домаќинствата. Вредноста на инвестицијата на ЕВН е околу 40 илјади евра и се очекува во најскоро време далноводот да биде предаден во употреба.

dalnovod (4) (Copy) dalnovod (3) (Copy) dalnovod (2) (Copy) dalnovod (1) (Copy)