Нова канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности

Славче Трпевски директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и градоналникот на општина Свети Николе Зоран Тасев со пресекување на лента, во присуство на вработени од катастарот, локалната самоуправа и голем број гости, свечено ги предадоа во употреба новите простории за непосредно работење со корисниците на услугите. Ова е уште една заложба на Агенцијата да се овозможи непосреден контакт со граѓаните кои многу поедноставно ќе ги добиваат потребните документи. Според градоначалникот Зоран Тасев, ваквата пракса ќе настојува да се реализира и со други подрачни канцеларии, како што се земјоделие и управата за јавни приходи и шалтерите да бидат преселени на влезот на зградата на локалната самоуправа на општина Свети Николе.

Katastar (6) Katastar (5) Katastar (4) Katastar (3) Katastar (2) Katastar (1)

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora