Пред прагот сме на заминување на оваа година, полна со предизвици, настани, макотрпна работа, но и стремеж кон она што го поставивме во 2019 ,да донесе успешни резултати во 2020 година и годините што понатаму следат.
Наша должност и обврска како локална самоуправа е посветено и вредно да работиме со цел Свети Николе да може гордо да застане во редот на успешни, модерни, економски развиени, европски општини.
Желбата и резолуцијата за годината која следува останува иста- да го подобриме економскиот развој, да ја подобриме инфраструктурата, но и да се залагаме за еднаквост, правичност и социјален развој,секој граѓанин на општината да се чувствува безбедно, среќно и исполнето, градејќи сигурна и безбедна иднина за себе и своето семејство.
Во духот на божиќните и новогодишните празници би сакал да повикам на мир, слога, заедништво и соживот, да ги заборавиме разликите кои длабоко не разделуваат и да ги практикуваме секојдневно оние навики кои го поттикнуваат доброто, хуманото, позитивното во нас и сето она што не води кон личен, професионален и општествен развој.
Само сплотени и обединети, почитувајќи ги универзалните човечки вредности кои се пренесуваат со векови во човечката цивилизација,  ќе можеме да изградиме општина во која секој би посакал среќно да живее, твори и да се развива на вистинскиот пат.