ОБЈАВА број 1/2014

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:

  1. ДУП за дел од МЗ„2“ Сопотски пат со Одлука бр.08-308 од 14.04.1990 г. ГП- ли од Табела I КО Свети Николе-град сите со основна намена А1- домување во станбени куќи.
  2. ДУП за дел од МЗ„3“ населба Лиска со Одлука бр.08-524 од 26.06.1992 г. ГП- ли од Табела II КО Свети Николе-град сите со основна намена А1- домување во станбени куќи.
  3. ДУП за дел од УЕ„2“-локалитет Сопотски патсо Одлука бр.0701-740 од 29.08.2012г.ГП-ли од Табела III КО Свети Николе-град сите со основна намена А1- домување во станбени куќи и компатибилна класа на намена Б1-мали комерцијални и деловни дејности .
  4. ДУП за дел од МЗ„3“ул.„Карпошева“,ул.„Питу Гули“,крак од ул.„Јане Сандански“ и граница на плански опфат Свети Николесо Одлука бр. 0701-412 од 25.06.2014 г.ГП-ли од Табела IV КО Свети Николе-град сите со основна намена А1- домување во станбени куќи и компатибилна класа на намена Б1-мали комерцијални и деловни дејности.
  5. ДУП за дел од УЕ„1“Плански опфат меѓу ул.„Карпошева“,ул.„Октомвриска“,ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Пиринска“со Одлука бр.0701-813 од 30.10.2013г.ГПброј 2 од Табела V КО Свети Николе-град со основна намена А2- домување во станбена зграда( 60%)и компатибилни класи на намена (40%од А2) и тоа Б1-мали комерцијални и деловни дејности,Б2-големи трговски единици и Б4-деловни простории).

согласно Табеларните прегледи подолу во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, бруто развиена површина и депозит за учество на јавното наддавање.