Почитувани сограѓани

Оставаме зад нас уште една година, година исполнета со бројни предизвици, планирања како и реализација на голем број на активности, за доброто на сите Вас.

Во годината што заминува, работевме одговорно, чесно , транспарентно, посветено , со домаќински пристап и користење на сите можни материјални и човечки потенцијали , знаења и искуства, со цел да ја направиме нашата општина подобро и перспективно место за живеење.

 

Драги сограѓани,

 

Пред нас еден нов период, нова година во која влегуваме со нова енергија со која ќе продолжиме да ја оствариме нашата визија за модерно, економски просперитетно и современо Свети Николе .

Имаме сила , имаме потенцијал и максимално посветени влегуваме во новата 2019 година да ги реализираме наши предвидени проекти и да го направиме Свети Николе повторно да биде достоинствено место за живеење.

Нека претстојните празници ни донесат нова сила, позитивни мисли , нови радости и обновени надежи за исполнет живот во мир, толеранција, сплотеност, среќа и семејна хармонија, просперитет и благосостојба.

Во новата 2019 година на сите вас Ви посакувам добро здравје, мирен и достоинствен живот, поголем успех на професионален и деловен план ,многу љубов и бериќет .

НЕКА ВИ СЕ ЧЕСТИТИ НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ И СРЕЌНА НОВА 2019та ГОДИНА!

 

Градоначалник на Општина Свети Николе

Сашо Велковски