Со акцијата „Комбинирај и движи се“ на која учество зедоа голем број велосипедисти од основните и средните училишта во Свети николе, беше одбележана Европската недела на мобилност. Учесниците, кои ги имаше од сите возрасти од најмладите до возрасните на велосипеди и ролери поминаа по неколку улици во градот.Како што истакна градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, локалната самоуправа ќе ги подржува овие активности, во кои треба да се вклучат што поголем број млади, кои покрај зачувувањето на своето здравје ќе се грижат и за зачувување на животната околина. Колку повеќе велосипеди толку помало загадување, и голем број  насмевки, на лицата на учесниците кои денеска продефилираа низ Свети Николе.

IMG_6140 IMG_6145 IMG_6147 IMG_6151 IMG_6158 IMG_6162 IMG_6168 IMG_6183 IMG_6206 IMG_6208 IMG_6215