Одговорно родово буџетирање

Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе во соработка со „УНВОМЕН“ во Свети Николе одржаа трибина на тема: „Родово одговорно буџетирање за подобар пристап до јавните згрижувачки капацитети/ детски градинки во општина Свети Николе“. На трибината присуствуваше градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски, кој во своето обраќање истакна дека локалната самоуправа е пример за транспарентно родово буџетирање, каде буџетот се донесува и реализира со учество на сите релевантни фактори во општината. Граѓанските здруженија на жени се важен чинител во општината и по нивна иницијатива и залагање набавен е мамограф во здравствениот дом, меѓутоа и донесен е закон за бесплатни гинеколошки и мамографски прегледи за жените во нашава земја. На трибината присуствува делегации од Молдавија и Албанија, при што имаа можност да се запознаат со искуствата и начинот на родовото буџетирање во нашата општина, бидејќи кај нив овој проект е на самиот почеток.

DSCN0818 DSCN0822 DSCN0831 DSCN0832 DSCN0833 DSCN0834 DSCN0839 DSCN0845 DSCN0853 DSCN0855 DSCN0863 DSCN0864

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora