Одржан 14-от Меѓународниот фестивал на изворен фолклор “Тодорица 2014”

Годинава во Свети Николе дојдоа 450 играорци од 14 културно уметнички друштва и фолклорни асамбли, интерпретатори на изворна песна и музика од цела Македонија како и од Србија. Градот три дена живее со звуците на преубавата музика која излегува од кавалот, гајдата, тамбурата и тапанот како и со колоритот кој го создаваат народните носии во кои се облечени играорците.

Годинава на Меѓународниот фестивал на изворен фолклор “Тодорица 2014” Гран при наградата отиде во рацете на Фолклорниот Ансамбл “Китка” од село Истибања-Виница

Второто одностно третото место им припадна на Фолклорните ансамбли “Ацо Караманов” од Радовиш, односно “Љупчо Сантов” н.Оризари-Кочани.

Покрај тоа беа доделини и наградите за најдобра сценска изедба која ја понесоа членовите на фолклорниот ансамбл “Велигденски цветови” од село Јаргулица-Радовиш, најдобра воклана изведба освои КУД “7-ми Септември” од Македонски Брод, а најдобра инструментална изведба освоија учениците од Средното Музичко училиште “Сергеј Михајлов” од Штип.

todorica_2014 (8)

todorica_2014 (7)

todorica_2014 (6)

todorica_2014 (5)

todorica_2014 (4)

todorica_2014 (3)

todorica_2014 (2)

todorica_2014 (1)

 

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora