Со учество на екипи од полициските станици од Пробиштип, Крива Паланка, Штип, Свети Николе и Единицата за специјалални задачи „Тигар“ и единицата за обука и поддршка од Скопје, денеска во Свети Николе се одржа традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Александар Серафимов 2014“, посветен на прерано загинатиот македонски бранител од конфликтот 2001 година. Делегација   од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Зоран Тасев, како и делегации од повеќе граѓански здруженија и полициски станици, во градскиот парк положија цвеќе на бистата на Александар Серафимов.

turnir (4) turnir (3) turnir (2) turnir (1)