Во салата на Дом на култура „Крсте Мисирков“ се одржа последователна форумска сесија со презентација на евалуацијата на целиот процес ,во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, преку кој се реализираше проектот „Енергетско ефикасна детска градинка“ со кој се изврши замена на кровот на градинката Клон2 и замена на вратите и прозорците во истото и се  подобри енергетската ефикасност на градинката обезбедувајќи подобри услови за нашите најмили.
Воедно, со реализација на овој проект, се овозможи и реконструкција и отварање на сензорната соба за лицата со посебни потреби .
Уште еднаш, истакнуваме голема благодарност до УНДП и Швајцарската развојна агенција кои овозможија реализација на овој значаен проект со грант средства од 50.000 швајцарски франци, а останататите средства во износ од 1.200.000 денари се обезбедени преку буџетот на општина Свети Николе.