Градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев заедно со претседателот на Советот Илија Стоилев и директорите на јавните претпријатија и раководителите на одделенијата во општинската администрација оствари средби со граѓаните на населените места Пеширово и Црнилиште. Со посетата на овие две населени места се заокружи агендата за посета на сите месни задници во општината. На средбите граѓаните ги посочија проблемите со кои се соочуваат во населените места во секојдневното живеење и заеднички со локалната самоуправа да ги надминат. Најголем дел од нив се однесуваат на инфраструктурата, односно на проблемите со водоводните и канализационите системи кои во некои месни заедници сеуште не се изградени, како и со патната инфраструктура односно уредување на улиците и нивно асфалтирање. Градоначалникот побара од претставниците на Месните заедници да изготват барања и приоритети за проектите кои во иднина ќе се реализираат и ќе придонесат за поквалитетно живеење во населените места на општина Свети Николе.
Скорешни написи
- Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021
- 62-ра Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Свети Николе
- Доделување на награди и признанија
- 61-ва Седница на Советот на Општина Свети Николе
Кој е онлајн?
Во моментот: 4 посетители
Општинска делегација во посета на Пеширово и Црнилиште