По неколкугодишна пауза Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, преку повеќе програмски активности ја продолжува соработката со Домот на културата „Крсте П. Мисирков“ од Свети Николе. Една од нив е изложбата на слики и склуптури од ликовни уметници аматери од Куманово, која е поставена во изложбениот салон на Домот на културата во Свети Николе. На отворањето присуствуваа голем број љубители на ликовната уметност, меѓу кои и градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски. Уметниците од Куманово се претставија со дваеасетина дела, работени во разни техники и со разни мотиви. Како што истакнува организаторот Роберт Цветковски, соработката на двете институции во иднина ќе се развива поинтензивно и веќе е договорена изложба на слики од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ да биде претставена пред кумановската јавност.

samouki