Пензионерски спорстки игри

Пензионери од здруженијата од Кратово, Крива паланка , Пробиштип и Свети Николе, учествуваа на меѓуопштинските спортски натпревари кои се одржаа во ресторанот „Илинден“ во село Црнилиште. Возрасните спортисти се натпреваруваа во пикадо, шах, домино, табла и карти, во две категории, мажи и жени. На отворањето на спортските натпревари присуствуваше градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски. Најподготвени екипи на кои им припаднаа првите места беа на домаќинот, Здружението на пензионери од Свети Николе, и тоа во: шах, табла, карти во машка конкуренција, домино и пикадо во женска и пикадо во парови. Со тоа на светиниколчани, заслужено им припадна и првото место во севкупна конкуранција. Инаку на спортските натпревари, како гости присуствуваа и пензионери од здруженијата од општините Илинден, Велес и Штип.

DSCN0188 DSCN0195 DSCN0210 DSCN0223 DSCN0231 DSCN0235 DSCN0240

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora