Во организација на МСУ„Гаврило Романович Державин“, Амбасадата на Руската федерација на нашава земја и Сојузот на Друштвата на Мекедонско-Руско пријателство, во амфитеатарот на Универзитеот по десетти пат   беше организирана прослава на рускиот православен празник Масленица. На прославата покрај многубројните гости присуствуваа и првиот конзул наАмбасадата на руската федерација во нашава земја Алексеј Бабкин, градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски и руските ликовни уметници Ала Кхвастунова и Надежда Облакова. Во културно иметничката програма настапи Ансамблот кој ги негува традиционалните руски обичаи и песни „Чајка“ под директорската палка на Елена Силјановска и неколку млади оперски надежи од Велес, Куманово и Штип. На крајот од прославата сите учесници и гости присуствуваа на палењето на сламената кукла, која симболично ја претставува зимата.

IMG_0027 IMG_0040 IMG_0090 IMG_0136 IMG_0186 IMG_0234 IMG_0259 IMG_0286 IMG_0429 IMG_0448