Спортското риболовно друштво „Мрена“   по неколкугодишна пауза деновиве изврши порибување на Хидро акумулацијата „Мавровица“ со околу 200 кг подмладок на крап. Вештачкото езеро кое се наоѓа помеѓу наслените места Немањици и Орел е мала акумулација со околу 2 милиони и 800 илјади кубни метри вода, која сега се користи само за наводнување на околу 200 хектари земјоделска површина, како и за спортски риболов. Градоначалникот Зоран Тасев кој присуствување на пуштањето на рибниот подмладокот во акумулацијата, истакна дека биде продолжена оваа активност со порибување и со други врсти риби како што се црвеноперката и лињакот.

poribuvanje (6) poribuvanje (5) poribuvanje (4) poribuvanje (3) poribuvanje (2) poribuvanje (1)