Изградбата на отворениот дел наградскиот пазар во Свети Николе, претставува проект кој што е релизиран со ИПА грант средства од Европска Унија администрирани од страна на Светска банка преку МСИП проектот и проектната едниница во Министерство за финансии.

Овие средства им се доделуваат на општините во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата, квалитетот на живот на населението и социо-економскиот карактер на општината а воедно и за подобрување на работните услови на вработените на пазарот како и насамите општински услуги.

Висината на средства за овој проект изнесува 287.661 евра, од кој ИПА грантот е во висина од 260.000 евра како дел од МСИП проектот на Светска банка за подобрување на општинските услуги преку Министерство за финансии, и кофинансирање од Општина Свети Николе во висина од 27.661 Евро.

Преку овој проект на градскиот пазар извршена е реконструкција на целата отворена површина (1900 м2), поставени се нови пазарни тезги и нивниот број од 50 сега е зголемен на 100, со што е овозможено и поголем број на земјоделци да можат да вршат продажба на своите земјоделски производ, целосно е променета  водоводната и канализациона мрежа под површината на овој дел од пазарот, подните плочки, инсталирана е и ППЗ инсталација (против пожарен систем), изградена е нова метална покривна конструкција на отворениот дел од пазар (640м2), промена и поставување на комплетно нова електрична инсталација и осветлување, како и реконструкција на двата пристапни влезови на пазарот (од плоштадот во Свети Николе и градскио кеј).

Бидејќи Свети Николе претежно е земјоделска општина, Градскиот пазар е едно од клучните места, и од суштинско значење е  да понуди што е можно подобри услови за продажба на земјоделски производи, а со тоа да овозможи зголемен интерес за промоција и продажба на производи од страна на производителите и трговците, со што ќе имаат бенефит сите граѓани од општината и пошироко.